СИТЕЛ: Политичката криза удри по индустријата

Последиците од политичката криза почнаа да се чувствуваат во индустријата. Статистиката објави дека во ноември производството  паднало за речиси 5%. Од јануари пак до ноември индустријата бележи раст од 3,4 отсто. Гледано по сектори – најголем пад има во рударството и вадењето камен. Таму падот инзесува 16,8%. Пораст од над 20 отсто има во снабдувањето со електрична енергија, гас пареа и климатизација. Бизнисот, кој се соочува со откажани нарачки и намалено производство,  веќе предупреди на ваквите последици-

Статистиката објави  и намалување на бројот на вработени во индустријата за помалку од 1%. Најмногу отпуштања имало во преработувачката индустрија. Од јануари пак до ноември бројот на вработени бележи пораст за 0,2%

За надминување на последиците од кризата и враќање на бизнисот во нормала,  бараат брзо формирање на новата Влада. Според нив – ако има скора  разрешница, последиците ќе се чувствуваат и во првиот квартал наредната година. Но,  доколку потрае – последиците ќе бидат подолгорпочни.

 
 
28.12.2016 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега