Сарачини ја посети индустриската зона Визбегово
Денеска министерот за економија Ваљон Сарачини ја посети индустриската зона Визбегово.
- Денеска присутен за да воспоставиме подобра врска меѓу Владата и Индустриската зона Визбегово и да покажеме еден проактивен пристап на Владата. Освен тоа што се грижиме за странските инвеститори, ние се грижиме и за нашите домашни инвеститори коишто реално даваат огромен придонес за конкуретноста на домашната економија, но и за отворање нови работни места, изјави Сарачини.
Министерот Сарачини оцени дека специфично за оваа индустриска зона е и тоа што се протега во три општини и тоа општините Карпош, Бутел и Чучер Сандево.
- Се надевам дека за многу кратко време ќе успеам да закажам состанок и со градоначалниците на овие три општини за да можам да им ги презентирам и проблемите коишто ги и имаат овие компании директно со овие општини, посебно со градоначалникот на општина Бутел кој што неколку пати покажа дека има навистина интерес за решавање на проблемите на бизнисмените од Индустриската зона Визбегово, рече Сарачини, додавајќи оти секогаш кога ќе се спојат владините инститиуци, општината и бизнисмените резултатите се евидентни.