Миноски: Растот на економијата над проекцијата од 2,3 проценти

Економскиот раст за годинава се очекува да биде над проекцијата и покрај негативното влијание врз економијата на политичката криза, изјави денеска министерот за финансии Кирил Миноски.

Според Миновски, во просек во првите три квартали растот на БДП е 2,7 проценти и ако се анализираат параметрите ќе се види дека континуирано стапките на раст се движат некаде над 2,5 проценти.

- Доколку имаме предвид дека ревидираната проекција изнесуваше 2,3 проценти на БДП доаѓаме до еден раст што се наоѓа над тие проекции и покрај објективните пречки што ги имавме. Не треба да го занемариме влијанието што го имаше политичката криза во РМ која трае речиси две години и која секако психолошки влијае врз инвестициите и врз потрошувачка и со тоа и врз растот  на економијата, истакна Миноски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во општина Аеродром. 

Во првиот квартал економскиот раст изнесуваше 2,6 проценти, во вториот 3,1 и третиот 2,4 отсто, или кумулативно 2,7 отсто.

 
 
27.12.2016 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега