Малолетник тешко повреден, итно префрлен во болница поради струен удар

Двајца малолетници се повредени ноќеска околу полноќ, за време на кражба на бакарни делови од трафостаница на Руменачки пат.

Се сомнева дека, маж на возраст од 33 години ги наговорил да крадат бакар кога ги удрило струја, еден 16 годишник се здобил со изгореници опасни по живот,а другиот е тешко повреден.

За таа прилика дел од градот е привремено без електрична енергија.

Повредениот малолетник е сместен во болница, а полицијата пронашла уште двајца осомничени и против нив ќе покрене кривична пријава за тешка кражба.

 

 

 
 
23.12.2016 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега