Кривична за беровчанецот кој си ја избоде сопругата во центарот на Скопје

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 54 годишниот беровчанец Н.Д. кој во понеделникот ја прободе со нож својата сопруга и безмилосно ја остави да крвави во центарот на Скопје.

 

Во понеделникот, околу 17:30 часот на улицата „Максим Горки“ во Скопје, Н.Д. се скарал со својата сопруга Ѓ.Д. (55) од Берово, и со нож ја прободел во градниот кош. Тој ја оставил својата сопруга со која биле во бракоразводна постапка, да лежи среде улица.

Од МВР информираат дека беровчанецот ќе одговара за убиство во обид.

најчитано сега