Вонредна состојба на Сибир: 48 лица починаа од труење од алкохол

 

Најмалку 48 луѓе ги загубија животите на исток во Сибир поради труење со алкохол и во Иркутск денеска е прогласена вонредна состојба.

Жртвите пиеле лосион за капење што содржи метанол.

Покрената е истрага и досега четири лица се уапсени поради сомневање дека го продавале тој лосион, за кој тие тврдат дека бил со назнака – не е за пиење.

Според локалниот обвинител Станислав Зубовски, девет луѓе се во тешка состојба.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев на седница на владата рече дека властите мора брзо да дејствуваат и да забранат продажба на такви работи.

– Тоа е страшна трагедија..Ќе бидат преземени сите мерки, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Сите жртви се жители на Ново-Ленино во Иркутск.

Труење со сурогат на алкохол редовно се случува во Русија, но овој случај во Иркутск е еден од најсмртоносните инциденти во изминатите години. Иркутск е шести по големина град во Русија со 1,1 милион жители.

 
 
19.12.2016 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега