Шест години по убиството на српската пејачка откриени нови бизарни детали

Ни шест години по трагичното убиство на српската пејачка Ксенија Пајчин, не се познати сите детали, а интересирањето на јавноста за овој настан не згаснува.

Пејачката на 16 март 2010 година во нејзиниот стан, токму пред излегување ја уби нејзиното момче, манекенот Филип Каписода. Откако и пукал во главата, и себе си си пукал во главата и е самоубил.

- Ксенија имала на себе јакна, тоа значи дека бил спремна за излегување. Тоа што ја најдовме на вратата во ходникот, докажува дека тој ја стигнал дури таму. Тој беше само по маичка и фармерки, што значи не планирал да излезе, вели извор од полицијата.

Тој пробал да ја сопре да излезе, а откако не успеал и пукал во главата, па самиот си пресудил.

Тој ден се слушнале необични крици и викотници од станот на Ксенија, а нејзиното куче почнало необично да лае. Соседот познавајќи го кучето, бидејќи го чувал кога пејачката е на одмор, тропнал на вратата, но не добил одговор.

Тој ја повикал мајката на Ксенија, па повикале полиција и тогаш ги нашле телата.

 

 
 
16.12.2016 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега