Се скарале за девојка земал пиштол и го застрелал - кривична за бесен скопјанец

25 годишниот скопјанец Ј.Р. заработи кривична пријава откако во јуни годинава го застрелал 26 годишниот О.Х.

Вечерта на 18-ти јуни, Ј.Р., и браќата О.Х. и С.Х. се скарале поради девојка и во еден момент, бесниот Ј.Р. извадил пиштол и го застрелал О.Х. во десната нога.

Тој ќе одговара за сторено кривично дело „убиство“ во обид, информираат од МВР.