Затворен Интернет провајдерот што го користел Сноуден

Американскиот провајдер Лавабит кој како што се верува го користел поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден денеска е вонредно затворен.

На веб-сајтот е поставено писмо од основачот на провајдерот Лавабит, Ладар Левисој кој истакнува дека бил приморан да донесе тешка одлука „да стане соучесник во злосторство против американскиот народ или да напушти скоро 10 години тешка работа со затворањето на сајтот“, наведуваат американски медиуми.

– Чувствувам дека заслужувате да дознаете што се случува, Првиот амандман би требало да ми гарантира слобода да зборувам во ситуации како што е оваа. Но за жал, Конгресот донесе закони кои укажуваат поинаку, нагласи Левисон. 

10:07

најчитано сега