Автобус полн со патници се преврте во Турција - 27 лица се повредени

Денеска во Турција се случи страотна сообраќајна несреќа откако автобус полн со патници се превртел во реонот Бозјујук , јавува Си-Ен-Ен Турк.

Во сообраќајната незгода се повредени 27 патници, меѓу кои има и тројца туристи од Германија.

До несреќата дошло кога возачот загубил контрола врз управувањето со автобусот, при што тој се превртел.

Повредените патници се хоспитализирани.

ФОТО: Денешен

09:39

најчитано сега