Алачки, Гиш, Нинковиќ - почнува фестивалот Balkan Music Square во Охрид

 

Вечерва во Античкиот театар во Охрид, почнува дванаесеттото по ред издание на традиционалниот музички фестивал Balkan Music Square.

Фестивалот ќе го отвори виртуозот на хармоника Горан Алачки, а по него ќе настапи српската група „Златопис“ од Белград, предводена од рок легендата Љуба Нинковиќ.

Втората фестивалска вечер ќе ја отвори македонската група „Ла Колони Волвокс“, предводена од Сашо Гигов - Гиш, а веднаш по неа целовечерен концерт ќе одржи групата која ги освои срцата на Европа, на овогодинaшното издание на Евровизија во Малме, „Коза Мостра“ од Грција.

ФОТО: macedonia-timeless.com

најчитано сега