Големо поскапување: Ова се новите цени на горивата кои важат од полноќ

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапеа за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за три денари, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 64,50 ден, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 66,50 ден, а Екстра лесното масло за домаќинство за 40 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе изнесува 51,50 денари, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,172 ден/кг и тој сега ќе се продава по цена од во однос на цена од 26,033 ден/кг.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека новите цени на бензините се поради повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар и понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14 дневен период.

Наредната корекција е закажана за 26 декември.

 
 
13.12.2016 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега