Македонец падна во рацете на босанската полиција - еве што направил

Македонец со иницијали А.М.(53) утрово е фатен на граничниот премин Орашје, Босна и Херцеговина, во обид да прошверцува 15 нови мобилни телефонски апарати „Ајфон 7“ вредни 20.000 конвертибилни марки, односно околу 10.000 евра.

Телефоните не биле пријавени за царинење. Цариниците ги откриле при проверка на возило „комби“.

Овој царински прекршок се третира како кривично дело и предметот е предаден на натамошно постапување на полицијата.

 
 
11.12.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега