Уште еден бомбашки напад го потресе светот: Се разнесоа две девојчиња на 7 годишна возраст

Две девојчиња на возраст од 7 години се разнеле во бомбашки напад во нигерскиот град Мајдигури на североисток од земјата на локален пазар и во таа прилика повредиле 17 лица.

АФП наведува дека спасувачките служби пристигнале на местото на експлозијата во градот кој е епицентар за побуна од џихадисти од организацијата Боко Харам и да ги згрижат ранетите кои се здобиле со сериозни повреди.

Само во ноември се забележани дури 4 самоубиствени напади, а во последниот од низата, исто така го изведоа две девојчиња на школска возраст во североисточниот дел на Нигерија, каде се убиени 45 луѓе.

 

 
 
11.12.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега