ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Најмалку 22 убиени и 35 ранети лица во терористички напад на катедралата „Свети Марко“

Најмалку 22 лица загинаа и 35 се ранети денеска во експлозијата кај катедралата „Свети Марко“ на коптската христијанска црква во Каиро, соопшти египетското Министерство за здравство, цитирано од ТАСС.

Според египетската државна телевизија, експлозијата се случила внатре во катедралата, што се наоѓа во квартот Абасија.

Египетската агенција МЕНА јави дека маж фрлил бомба во параклисот до надворешниот ѕид на катедралата, која е седиште на египетската православна христијанска црква и во која се наоѓа и канцеларијата на нејзиниот духовен лидер, патријархот Тауадрос Втори, пренесоа американските медиуми.

 

 
 
11.12.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега