Вооружена драма во Македонија: Влегле во кафеана со пиштоли

Околу 01 часот и 45 минути во Македонски Брод во угостителски објект се одвивала вистинска драма. Во објектот влегле 21-годишниот Е.П. 23-годишниот А.В. и 25-годишниот Д.С. сите од Кичево, и почнале да се расправаат со гостите, при што го оштетиле инвентарот. Во еден момнет Е.П. извадил пиштол и го насочил кон гостите, заканувајќи им се дека ќе пука и дека ќе ги убие.

Д.С. и претходно бил во истиот угостителски објект и се расправал со сопственикот. Наведените лица се приведени. Д.С. поради срцеви проблеми е пренесен во Медицински центар „Св.Стефан“ во Охрид каде е задржан на лекување, додека Е.П. и А.В. се задржани во Полицијата Кичево. Од страна на полициски службеници извршен бил преглед во возило „БМВ“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, при што во делот на совозачкото седиште и вратата била пронајдена рамка со осум куршуми калибар 9мм од непознато огнено оружје, кои со потврда се одземени од Е.П.

Лицата, со кривична пријава, по брза постапка ќе бидат предадени на Основен Суд. 

 
 
11.12.2016 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега