Гори Негорци кај Гевгелија

 

На просторот меѓу гевгелиските населени места Негорци и Кованец, денеска избувна пожар.

Според првичните информации, пожарот избувнал откако било запалено стрниште на нива во сопственост на жител од Негорци, во месноста наречена „Китрос“ и за кусо време се проширил на површина од 50 хектари со нискостеблеста шума, прнар и сува трева.

Екипи на Територијалната противпожарна единица Гевгелија, шумското стопанство „Кожуф“, како и на Дирекцијата за заштита и спасување, веднаш излегоа на терен и се уште се обидуваат пожарот да го стават под контрола.

Поради непристапниот терен гаснењето на огнот се врши само со прирачни средства, а тоа го отежнува локализирањето на пожарот. Екипите кои се наоѓаат на терен вечер ќе дежураат за да се спречи проширување на пожарот кон Негорци и Кованец, а надлежните инспекциски служби работат на расчистување на случајот и пронаоѓање на виновникот

08.08.2013 - 22:46

најчитано сега