Расте бројот на пријавени случаи на насилство врз жените во Куманово

Во Куманово лани се евидентирани 115 случаи на семејно насилство. Во над 95 проценти од овие сучаи жртви на насилството биле жени, нешто помал број деца и во незначителен број мажи, посочија надлежните од СВР Куманово на денешната трибина насловена „Причините, последиците и преземените мерки за насилство врз жената во кумановскиот регион”, која ја организираше со Центарот за рурален развој „Бујрум“ од Куманово во соработка со УНДП.

Сепак, овие податоци не се исти во сите институции, објасни на трибината Дане Трајковски, виш инспектор за семејно насилство во СВР Куманово, бидејќи како што рече, се слулува жртвата на семејното насилство да се откаже при самото поднесување на пријавата и да се помири со, како што објасни сопружникот.

- Од кај нас излегуваат пријави, но во 80 отсто отпаѓаат, жртвата се помирува со пријавениот, а тоа најчесто се мажи во 85 отсто,потоа синови, снаи, внуци, рече Трајковски.

Појасни дека откако ќе се напише пријавата или додека се пишува има случаи кога жртвата ја повлекува пријавата, некогаш оди по приватна постапка или пак се повлекува во судот.

Виолета Петровска од организацијата на жени „Кумановка“ објасни дека загржува неиздвојувањето на податоците колку од жените-жртви на насилството се лица со попреченост. Нагласи дека е потребно системско решение за жртвите. Во Куманово и покрај тоа што е најголема општина нема шелтер центар.

- По некои истражувања што ги направивме од нашата организација е економското насилство е најзастапено, но истражувањата на други организации кажуваат нешто друго, дека најзастапено е психичкото насилство, потоа физичкото насилство, па психичкото и физичкото и на крај сексуалното насилство, изјави Петровска.

Таа додаде дека често поради страв, срам но и не препознавање, жртвата не го пријавува насилството.

- Трибината се организира во периодот кога се обележува „Недела против насилство врз жените“, тоа е светска кампања поддржана од Обединетите нации и се одбележува од 25-ти ноември до 10 декември. За таа цел и ја организираме оваа трибина да се запознаа кумановската јавност со ситуцијата во Куманово кога станува збор за семејно насилство, поконкретно за насилство врз жените, изјави Александра Тасиќ од организацијата „Бујрум“.

Присутните заклучија дека е потребно системско решавање на овој проблем и координиран пристап на институциите во државава. 

 
 
09.12.2016 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега