ВМРО-ДПМНЕ: Шиповиќ да каже колку дрва можеа да се засадат со парите потрошени за вчерашниот приватен партиски собир

          

 Мирослав Шиповиќ како претседател на Советот требаше денес да излезе со осуда и да се извини поради попречувањето на присуството на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, предизвикано од страна на активисти на СДСМ и ЛДП.

Ако Шиповиќ не знае кои се тие луѓе како што вели, го повикуваме заедно со Андреј Жерновски да ги повика на утрински состанок во општината партиските активисти, кои се на платниот список на општината и на терет на граѓаните на Центар и нека ги праша зошто не дозволија учество на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во работата на Советот.

Само така јавноста ќе може да му поверува на Шиповиќ. Во спротивно ќе сметаме дека тоа се лицата под директна команда на СДСМ и Жерновски, намерно и свесно ја попречуваат работата на Советот.

Патем Мирослав Шиповиќ нека излезе и нека каже колку пари ја чини општината вчерашниот приватен партиски собир пред Бристол, колку пари за дневници се потрошија и колку нови дрва можеа да се засадат со тие пари.

 

Исто така Шиповиќ да каже кој се офајди од милионите евра од кириите овие дваесет години, дали искрено сметаат дека некој може да верува дека петте дрва може да се причина за ова насилство кое СДСМ го промовира и го упатуваме ако нема одговор на ова, пак да се консултира со Бранко Црвенковски, како што секојдневно прима наредби од него.  

Интегрален текст од реакција на ВМРО.

15:13

најчитано сега