Србија со нов ултиматум до Македонија за увозот на пченица и брашно

Србија повторно и постави нов ултиматум на Македонија за увозот на пченица и брашно, јавува Канал 5. Ако во наредните десет дена не се укине уредбата за ограничување на увозот на пченица и брашно, српските власти се заканија со контра мерки.

“Ние на состанокот на ЦЕФТА  се договоривме  и сите членки на ЦЕФТА извршија притисок на  Македонија да ја укине спорната одредба  во разумен времески рок, кој не е прецизиран, но во меѓународната трговија се смета дека тоа може да биде за  период од месец дена . Иако Македонија на почетокот не сакаше да ги прифати одлуките, сепак добивме обврзување дека мерката ќе се укине во разумен времески рок“, изјави Бојана Тодоровиќ, помошник-министер за трговија.

Инаку, сега во Србија се извезуваат  до четири пати помалку пченица и брашно откако Македонија ја воведе мерката од први јули годинава. 

Македонските власти во неколку наврати изјавија дека мерката ќе се укине кога ќе се стабилизира пазарот.

ФОТО: Плусинфо

14:49

најчитано сега