Македонија скокна три места на ФИФА листата

 

Фудбалската репрезентација на Македонија бележи напредок од три позиции на најновата ранг листа на ФИФА и сега е рангирана на 89 позиција.

Од селекциите кои се противниците на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Бразил и натаму најдобро рангирана е Хрватска која на 8. место. Белгија е 10-та, а Србија е 41-ва. Подобро рангирани од нашата репрезентација се и селекциите на Велс 46-та и Шкотска, која е на 50-место.

Македонската репрезентација ќе има можност да го поправи својот пласман веќе на 14 август, по пријателскиот натпревар против Бугарија.

Натпреварот ќе се одигра на арената Филип Втори во Скопје.

14:12

најчитано сега