Обама: Кардашијан и Кање Вест не треба да бидат мерило за успех!

Претседателот на Америка, Барак Обама, неодамна во интервју истакна дека Ким Кардашијан и Кање Вест како и нивното богатство, не треба да бидат мерило за успех.

Кога во интервјуто Дејвид Блум го запраша американскиот претседател Обама што подразбира под "американскиот сон", тој одговори добар дом, работа и можност за усовршување. 

- Порано не се живееше како денес ниту успехот се гледаше како денес. Децата не гледаа што облекла Ким Кардашијан и каде Кање Вест оди на одмор. Тоа не е мерило за успех, истакна Обама.

Инаку богатството на Кање и Ким се проценува на 130 милиони долари.

 

13:50