Се надевале дека ќе им се роди ќерка а го добиле дванаесеттиот син

Катери и Џеј Швандт од Рокфорд минатата недела го добија 12-тото дете кое верувале или не е машко како и сите останати деца кои ги имаат. Парот се решил да биде упорен додека не добие деојче, но очигледно среќата не им се насмевнала за тоа што го посакувале.

- Незнаевме со каков пол ќе биде пред да се роди. Никогаш не сакаме да знаеме. Секогаш ни се раѓаат момчиња, но секогаш е изненадување вели Катери, мајка на 12 те момчиња.

- Сигурна сум дека би било забавно да имаме девојче, но знаеме во што се впуштаме. Понекогаш имам чувство дека живеам во машка соблекувална, додава таа.

За чудо, таткото Џеј вели дека не се спротивставува на тоа да имаат уште деца. Велат дека 13 можеби ќе биде среќен број и дека конечно ќе имаат девојче.

13:12

најчитано сега