Македонците од Данска реагираат на поразителната кампања на опозицијата

 

На неколку дена пред завршувањето на изборната кампања за овие круцијално важни избори за Р. Македонија, неможеме а да не реагираме на крајно кукавичката и поразителна кампања на опозициската коалиција предводена од СДСМ, се вели во соопштението од Заедницата на Македонци од Данска.

-Со огромно разочарување ги следиме срамните јавни настапи на г-динот Заев на митинзите на СДСМ дека не се залага за федерализација и дека нема да го промени Уставот на Р. Македонија а во исто време на повеќе настапи по национални и странски телевизии, како и на средби со албанската дијаспора, јавно заговара промена на Уставот, двојазичност на целата територија на Република Македонија како и федерализација на нашата Татковина, велат Македонците од Данска.

Во предвечерието на овие референдумски избори, нагласуваат тие македонскиот граѓанин е повторно пред големо искушение за зајакнување на нашиот интегритет и суверенитет и по којзнае кој пат повторно гордо ќе се справи со нашите домашни предавници и странски емисари. Македонската дијаспора како нераскинлив дел од македонското ткиво, категорично се спротиставува и ќе се спротиставува во иднина на секој обид за федерализација и кантонизација на Република Македонија.

-Македонија и после овие тешки искушенија повторно ќе се надкрене уште посилна давајќи им до знаење на сите домашни и странски непријатели дека сме поминале и уште потешки времиња од ова и дека секогаш сме опстојувале. За Македонија се работи, порачуваат Македонците од Данска.

 
 
07.12.2016 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега