Новите документи говорат: СДСМ во 2004ги продаде Кичево и Струга, а денес заговара федерализација
Антимакедонската политика на Зоран Заев не е новитет за СДСМ, туку само продолжение на стратегијата на оваа партија да тргува со албанските гласови во голата борба за власт на штета на македонските национални интереси, пишува Република.
Документите кои денеска беа објавени од Архивот на Македонија а се однесуваат на референдумот од 2004 година и децентрализацијата на Македонија се уште еден доказ дека распродажбата на интересите на Македонците што го почна владата на СДСМ пред 12 години во која вицепремиер беше Радмила Шекеринска, денес го заокружува Зоран Заев со воведување целосна двојазичност и редефинирање на Македонија преку федерализација и кантонизација на државата.
Објавените документи директно покажуваат како се одвивала трговијата со територии на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ во периодот пред референдумот и сведочат за начинот на кој СДСМ планирала како да се испазари за поддршката од Албанците на тогашните претседателски избори на сметка на илјадници македонски граѓани од Струга и Кичево кои беа директно засегнати од катастрофалната територијална поделба. Интересно е да се забележи дека во белешките за трговијата со македонски територии меѓу владините партнери е запишано дека владата на СДСМ со Шекеринска самата нуди неприродно прекројување на границите на штета на Македонците, а нивниот предлог е Кичево и Струга да ги претворат во доминантни албански средини, за градовите да добијат градоначалници Албанци.
Тогаш СДСМ ја запечати судбината на мнозинското македонско население во овие средини, а денес Заев е подготвен да му пресуди на целиот македонски народ со единствена цел повторно да се дограби до власт по било која цена.
За потсетување, таа 2004 година околу 430.000 Македонци рекоа „не“ за територијалната поделба, но референдумот беше неуспешен поради повикот на СДСМ до своето членство да го бојкотира со фамозното образложение дека „некои прашања не заслужуваат одговор“. Тогашната влада на СДСМ ни го претставуваше процесот на албанизација на Струга и Кичево како неопходен без кој не би можеле да се интегрираме во ЕУ, но и не плашеше со нова војна тврдејќи дека без ваквата територијална поделба може да ни се повтори 2001 година.
Албанската дијаспора и тогаш како и сега и ѝ изразуваа благодарност на СДСМ за заложбите. Така, Лутфи Хазири претседател на асоцијацијата на Општини на Косово во писмо од 10 ноември 2004 година испрати поздрав до владата на СДСМ за да и честита „за неуспехот од референдумот“. Хазири го оцени исходот од референдумот како „резултат на зрелоста на граѓаните на Македонија“.
-Со давањето на поддршката на овој процес, локалната самоуправа на Косово смета дека изнаоѓањето на позитивно решение на ова прашање е уште една конфирмација за подготвеноста и вољата на владината коалиција за продолжување напред со политиката и граѓанската храброст во функција на стабилноста, развојот на заедничката држава, но и на регионот, вели Хазири во писмото.
Речиси идентични пораки со поддршка до раководството на СДСМ и денес стигнуваат од албанската дијаспора, која го претставува Заев како нивни „спасител“.
-Зоран Заев, со проектот “Вистината за Македонија” во многу области на албанското општество се гледа со восхит како спасител на Албанците од канџите на криминални групи и партии со латинични букви, мислам за партиите кои манипулирале во име на Албанците. Несомнено е дека Зоран Заев ќе ги преземе и албанските гласови, и покрај неговите стратегиски грешки со Албанците со кои соработува, вели претседателот на албанската дијаспора Муса Љамалари.
Во друго писмо пак, Љамалари му се обраќа и на Никола Груевски во кое „го потсетува“ дека треба:
1) На Македонија да и се смени името…
2) На Македонија да и се смени знамето, химната и државниот грб.
3) Да започне процесот за регистрација на населението според европските стандарди и под надзор на ОСБЕ.
Како Заев заслужи да биде воспеван од албанските радикали и што точно предвидува планот за редефинирање на македонија?
Според ветувањето на Заев, идната федерализација на државата ќе се реализира во три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. „Редефинирањето“ на унитарниот карактер на државата, всушност подразбира:
- зголемена употреба на албанскиот јазик како официјален јазик и поделба по федерални единици, кантони
- двојазичност на целата територија на државата
- формализирање на федерализацијата и отцепување на делови од државата со можност за приклонување кон соседни држави
За ова сценарио Заев им дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата.
Зголемената употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, прво треба да се воведе во безбедносниот сектор и во институциите. Пред се во полицијата и армијата, а потоа следува поделба по федерални единици, кантони, односно развивање на општините во „понапреден систем на самоуправување“.
Во исто време, на албанските партии при „поделба на колачот на власта“ им се нудат институции и функции. Од една страна ветени се функции како претседател на Собранието, премиер или претседател на државата. Преку институциите, пак, ќе бидат доделени безбедносните ресори МВР, потоа ДБК, БЈБ, како и финансиските столбови УЈП, царината…
После сето ова следува административно поврзување на федералните единици, за на крај процесот да биде заокружен со формализирање на федерализацијата на државата, поделба на кантони, кои потоа лесно би се отцепиле.
Токмува затоа изборите на 11 декември ќе имаат значење на референдум на кои граѓаните ќе имаат можност уште еднаш да кажат „не“ за распарчувањето на државата што СДСМ го започна во 2004 година. Во каква држава ќе живееме ние, но и нашите идни генерации не зависи само од политичарите туку и од нас самите. Каква Македонија ќе им оставиме на нашите идни поколенија ќе зависи од нашиот глас на 11 декември. Казната за трговците со националните интереси мора да биде силна и одлучна за во иднина на никој да не му текне да ги распродава.
Од нас зависи! За Македонија се работи!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа