МИТИНЗИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Три дена до крајот на изборната кампања

 

На три дена до крајот на изборната кампања денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров и во Куманово, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во скопските општини Шуто Оризари и Чаир, додека Демократската партија на Албанците ќе има митинг во Струга, а изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, ќе ја посети општина Карпош, каде ќе има средба со граѓани, а попладне ќе одржи митинг во општина Кисела Вода. 

Коалицијата Алијанса за Албанците, според нивната изборна агенда, ќе одржи митинг во Гостивар. 

Пред граѓаните во текот на денот ќе биде претставена изборната програма и од страна на носителите на кандидатски листи за пратеници. 

 
 
07.12.2016 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега