Груевски: Народот знае како и за кого да гласа

 

В недела ќе заврши кризата за земјата да оди напред, за да се реализираат проектите од програмата „Реално“. Единствен сигурен начин е референдумско излегување на изборите и 63 пратенички места за Коалицијата „За подобра Македонија“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на листата во ИЕ 4 на Коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Груевски, на вечерешниот митинг на Коалицијата во Делчево.

Нагласи дека гласањето за помалите партии е директно гласање за федерализација и кантонизација на Македонија и потенцира дека народот ќе го казни Заев и СДСМ за нивното сценарио што две години ја држеше Македонија во заложништво.

- Секој кој планира да гласа за Заев само нека помисли дали може на тој човек да му се потпре и да му верува. Овој народ нема да излезе на изборите со гнев и омраза, туку со гордост, рече Груевски и посочи дека народот знае како и за кого да гласа.

Во новата програма „Реално“ на Коалицијата „За подобра Македонија“, потенцира, планирани се 600 милиони евра за земјоделците или годишно по 150 милиони евра за македонскиот земјоделец. 

- Планирано е зголемување на субвенциите во мерката за купување на земјоделска механизација и од сегашните 50:50 ќе станат 60 спрема 40 во корист за змејоделецот. Секој кој сака да инсталира систем капка по капка и бунар ќе добие 80-отстотно покривање на трошокот од страна на државата, а на секој кој ќе купи високоприносен добиток 80 отсто од средствата ќе му ги обезбеди дражават. Ќе се водвеат порфесионални земјоделски советници и секој нов млад земјоделец до 40 години ќе добие грант од 10 илја евра, средства со кои ќе може да работи, најави Груевски.

Тој додаде дека ќе се изградат шест нови експерски патишта во Македонија и ќе се инвестираат 140 милиони евра во реконструкција и изградба на регионални патишта, како и 30 милони евра за локални патишта.

Во населените места во Делчево, потенцира, ќе се реализира новиот проектот за рурални развојни зони кој ќе донесе нови вработувања и локален економски развој на општината.

Груевски истакна дека првата фаза од изградбата на Технолошко-индустриската развојна зона во Делчево е завршена, а со првата инвестиција во зоната ќе следува и втората фаза за нејзина доизградба. Тој потсети дека во периодот од кога ВМРО-ДПМНЕ е на чело на Владата во Македонија влегле 2,6 милијарди евра странки инвестиции.

- Извозот порасна на над 4 милијарди евра. Тоа е резултат на создавање добра бизнис клима, обезбедивме над една милијарда евра за македонските земјдоелци, дадовме под закуп околу 62 илјади хектари државно земиоште да го работат земјдоелците, посочи Груевски.

Носителот на кандидатската листа во третата изборна единица Илија Димовски истакна дека со големите инфарструктурни поекти ќе се исправи големата историска неправда спрема Источна Македонија во споредба со Западна Македонија.

- Привршува изградбата на експресниот пат од Велес кон Штип, над 60 отсто е изграден автопатот од Скопје кон Штип. Имам задоволство да ве информирам дека денеска државата склучи договор за започнување со изгрдаба на експресниот пат Штип-Кочани кој ќе биде на нова траса и ќе ја подобри комуникациската врска со централна Македониа, рече Димовски.

Во програмата „ Реално“ за Делчево е предвидена гасификација посочи кандидатот за пратеник од Делчево, Милка Христова.

- Изградба на нова филтер станица за вода на пиење на брана Лоша, нова пречистителна станица за градот Делчево. Изработка на студии за нови наоѓалишта на јаглен и можност за отворање термоелектрана во овој регион. Изградба на ски-центар на Голак, изградба на нова детска градинка, изградба на нов локален пат Делчево-с, Тработивиште, завршување на рехабилитација на патот Делчево-Кочани, мостот кај село Тработивиште, набавка на најосвремена медицинска опрема за здравствениот дом, реконструкција на ООУ Ванчо Прке, изградба на нови игралишта, рече Христова. 

 
 
06.12.2016 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега