Димовски: На 11 да се избориме против двојазичност, редефинирање и кантонизација
Илија Димовски, носителот на Изборната единица 3, во општина Чашка пред граѓаните кои што во голем број се собраа на мини митингот, посочи дека овие избори не се само избори за која партија ќе ја преземе власта, туку дека претставуваат референдум на кој граѓаните ќе одлучат дека сакаат да живеат во унитарна и единствена Македонија.
Димовски исто така додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која што напорно работи на отворање на нови работни места за граѓаните и ги најави новите странски инвестиции во велешко кои што се очекува да отворат околу 2000 нови работни места кои исто така ќе бидат од голем бенефит за жителите на општина Чашка.
Пред насобраните граѓани на општина Чашка беа презентирани и останатите проекти кои што се однесуваат за оваа општина во полето на инфраструктурата, земјоделието, покачувањето на платите, пензиите и социјалната помош, но и проектот за развој на руралните предели во државата кои ќе значат економска преродба за селата и сите други помали општини во Република Македонија.
На крај, Димовски упати апел до секој граѓанин дека 11 декември е денот кога треба да покажеме единство и да ги нацртаме црвените линии кои ќе дадат до знаење дека на Македонија не и треба двојазичност, редефинирањена државата и кантонизација и истовремено да се прати јасна порака до сите внатре и сите надвор од Македонија дека Македонците сакаат економски силна држава, а не држава во која ќе владее хаос и безредие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа