Мислела дека сопругот ја изневерува - и се заледила крвта од тоа што го открила
Жена од Америка мислела дека сопругот ја изневерува, но вистината која ја открила била далеку пострашна од неверство. 44-годишната Џејна Гаскин решила да го шпиунира сопругот поради сомнежите кои ги имала, па почнала да му го проверува и мобилниот телефон. Сепак, вистината била далеку пострашна и шокантна, од тоа да биде изневерена.
Џејна во мобилниот на сопругот пронашла детска порнографија и случајот веднаш го пријавила во полиција. Го исфрлила о дома, а тој бил веднаш ставен зад решетки.
До шокантното откритие жената дошла десет дена по венчавката.
05.12.2016 - 08:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа