Завршни зборови во судењето на Ратко Младиќ

Обвинителството на Хашкиот трибунал денеска го почнува излагањето на завршните зборови во судењето на Ратко Младиќ, обвинет за геноцид, прогон, истребување, убиства, депортации и присилно преселување, како и за злосторства против човештвото, јави Танјуг.

Завршните зборови на обвинителството се планирани и за вторник и среда, 6 и 7 декември, по што и одбраната ќе ги изнесе своите аргументи, почнувајќи од 9 декември, а заклучно со 12 и 13 декември.

Секоја од страните во процесот, во четврток, на 15 декември, ќе има по час и половина за одговор, претходно беше најавено од трибуналот во Хаг.

Кон крајот на октомври и одбраната и обвинителството поднесоа пишани поднесоци од завршните зборови.

Судењето на генералот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, почна во мај 2012 година.

Една година порано, по 12 години криење, тој беше уапсен во Србија и беше испорачан во Хаг.

Изведувањето на доказите против Младиќ обвинителството ги заврши во февруари 2014 година, додека одбраната своите докази ги претставуваше од мај 2014 година до 16 август годинава. 

 
 
05.12.2016 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега