Јакимовски: Го повикувам Заев да одговори дали бараше мито од 250.000 евра од австриска фирма
Ние ли сме сликани како бараме пари или ти Заев? Ние ли ги праќавме тие пари кај бате Вице или ти ги праќаше? Ние ли дававме тендери на бате и на чиче и на вујче? Каже се ама на клучното прашање не одговори: Ми бараше ли мене пари или не? Како тоа ние бандити кога ти мене ми бараше пари, истакна Стевчо Јакимовски, на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Струмица.
-Повеќе од година ипол го прозивам и ќути не кажува ништо, како дете кога ќе направи некоја беља. Знаете ли зошто не реагира? Па не може да се сети, не знае кому се и за што се барал мито. Јас знам дека многу го сака квизот милионер а таму има една рубрика 50-50 и таа е за со Вицето, а друга има помош од пријател па затоа јас сакам да му помогнам да го потсетам зошто ми бараше 250.000 евра. Во Струмица и струмичко, тендерот за управување со цврст отпад го доби австриската фирма Аса Интернешнл. Јас бев нејзин консултант. Од мене побара 250 000 евра , му кажав дека тоа не е можно, дека тоа е голема фирма и нема шанси за такви работи. Следниот пат дојде и ми даде ливче на кое пишуваше 50 000 евра за изградба на црквата, 50 000 ерава за спортот во Струмица, 50 000 рева за културата и 100 000 евра за него лично, оти Ромите го јаделе секое сабајле. Инаку тој не ги нарече Роми, поинаку ги вика а јас тој збор не можам да го употребам, рече Јакимовски.
За што му требале парите, за да купува Ромски души и гласови во Струмица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа