Пишев: Заев во Струмица става асфалт само кај што има гласачи на СДСМ, таков ли премиер сакаме за Македонија?

 

Во оваа кампања ги поминав сите населени места и што да видам. Човекот вели дека може да му се верува, оти направил многу за Струмица. Заев нема ставено ниту еден камен во Струмица, рече кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Васил Пишев од Струмица.

-Ајде кај што живее во Скопје, тој во Дабиле ставил асфалт до пола пат каде што живеат гласачи на СДСМ, а кај што живеат гласачи на ВМРО-ДПМНЕ нема асфалт. Дабиле нема канализација, Муртино исто. Патиштата се како хармоника. Тоа ли е личен пример? Пример ли е да бидеш единствен аболициран криминалец во Македонија? Да имаш пола фирми во Струмица да правиш милиони а на луѓето вработени кај тебе да даваш едвај 8-9 илјади денари и тоа на рати. Мисли дека ќе не излаже, ама сам себе се лаже, рече Пишев.

Ние денес, подвлече Пишев, имаме голема одговорност, да ја зачуваме Македонија.

-Како генерација имаме историска одговорност затоа на 11 декември масовно од сабајле вооружени со пенкало и патриотска мисла одиме да заокружиме број 1. Македонија е број 1 на Балканот за бизнис, Македонија е број 1 во нашите срца, заклучи Пишев.

 
 
04.12.2016 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега