Груевски: Заев заборави на Гугл мапс кога се градеа Цареви кули, а сега го заборава народот кој ќе го казни за се што направи

 

Зоран Заев се збогати откако стана градоначалник и стана милионер, со лаги, интриги и делење на тендери на фамилијата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски од Радовиш.

Дали сакаме таков човек да ја води Македонија, запраша Груевски.

-Се сеќавате на случајот Цареви Кули? Законот за легализација се донесе во 2009 година и предвиде дека сите нелегално изградни објекти може да се реализираат за 1 евро квадрат. Заев тогаш договори да се почне со градба на Цареви Кули. Сакаа да не платат комуналии со што направија голема зашета. Заев како градоначалник запиша дека Цареви Кули се изградени пред донесувањето за законот. Заборави само една работа, дека Гугл мапс прави фотографии секои 6 месеци. Па сликано е како било пред законот и како било по донесувањето на законот на местото на Цареви Кули, се виде дека објектот се градел по донесувањето на законот. Таков ли човек да ги добие државните финансии? Македонија ќе се спротивстави на 11 декември и нема да го дозволи тоа, рече Груевски.

Потсети и за случајот Глобал, за кој поранешниот претседател Бранко Црвенковски, го аболицираше Заев, кој од тоа криминално дело заработи 8 милиони евра.

-За Глобал се покрена постапка, а Заев тогаш тврдеше дека тоа се политички местенки и реваншизам. Излезе и кажа дека не барал аболиција. Една година потоа се изгласа законот за легализација на диви градби. Сопственикот на Глобал побара да биде легализирано земјиштето, а Зоран Заев ја потпиша легализацијата. Човекот кој една година претходно велеше дека Глобал нема криминал. Таков човек ли да ја води Македонија. Јас сум сигурен дека народот нема да го дозволи тоа, рече Груевски.

 
 
04.12.2016 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега