Груевски: Граѓаните ќе ја одберат Македонија, а не некој сценарист од надвор кој стои зад Заев
Одлуката за гласање на овие избори е многу едноставна, но е историска и многу значајна, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски од Радовиш.
На една страна вели тој има политичка партија која работи, се грижи за граѓаните за зголемување на пензии, социјална помош, која носи инвеститори и отвора нови работни места, се труди ја зајакне државата. И друга политичка партија која се здружува со разни криминално разузнавачи структури и се става во нивни раце а за возврат бара само да ги донесат на власт. Тоа знам дека нема да го добијат, затоа што колку и да изгледа одлуката комплицирана, во суштина е многу едноставна. Народот ќе одбере реформи, создавање работни места, зголемување ена стандард поддршка на земјоделците. Граѓаните ќе ја одберат Македонија а не некој сценарист, рече Груевски.
Подвлече дека едната одлука е за секој поединечно и за неговото семејство, а другата е за Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа