Пемова: Граѓаните ќе го казнат Заев за газењето врз македонските национални интереси
Отворањето на нови барања за Албанците, нова промена на Уставот, како што бара Заев, е предавство на македонските национални интереси и води кон нови конфликти, кон поделба на кантони, што ќе биде погубно за Македонија и за македонскиот народ. Зоран Заев го кажа тоа затоа што се здружи со борците за голема Албанија, со мафијата, со странски разузнавачки служби, со соросоидите и со секакви непријатели на Македонија кои му помагаа да ги руши македонските институции, македонската економија и македонските преговарачки позиции за влез во ЕУ, вели во интервју за КУРИР досегашната претеничка и кандидатка за нов пратенички мандат на листата на владејачката коалиција во четвртата ИЕ, Весна Пемова од Кавадарци.
На прашањето кои се работите за кои се изборила во досегашниот Ваш мандат како пратеник кога станува збор за Кавадарци, таа вели: - Тоа пред сè е решавањето на невработеноста, најголемиот проблем кој ги мачеше кавадарчани. Денес, Кавадарци е град кој има најмал процент на невработеност во Македонија од околу 10%, речиси ист со просекот во ЕУ. Во Кавадарци ја донесовме најдобрата светска гринфилд инвестиција за 2013 година, прогласена од угледниот Financial Times. Тоа е гермаската Дрекслмаер, во која денес работат безмалку 5800 вработени. Би сакала да ги поканам сите медиуми да дојдат во Кавадарци и да ја снимат долгата колона од 30-тина големи автобуси полни со млади луѓе кои секоја смена одат на работа. Тоа е глетка кога ги грее душите, тоа е решението за Македонија.
Додава и дека го решиле и вториот најгорлив проблем на кавадарчани – водоснабдувањето. Рестрикциите на водата за пиење станаа минато. Сега Кавадарци има два големи водоводи. Како и кај стариот, и на новиот изградивме 5 мини хидроцентрали, а со него ќе се наводнуваат и додатни 500ха земјоделско земјиште.
- Покрај овие, во мојот мандат се остварија и повеќе други проекти во Кавадарци. Ќе напомнам само неколку: изградба и реконструкција на патот до селата Ресава и Бегниште, патот Кавадарци – Мушов гроб, ги реконструиравме сите училишта, изградивме 2 нови спортски сали и т.н., додава таа.
За наредните приоритети вели:
-Првиот мој приоритет е решавање на големиот проблем со недостиг на места во градинките. Со зголемената вработеност во Кавадарци, главно на млади луѓе, се склучија многу бракови, се родија многу дечиња кои нема кој да ги чува, затоа што нивните родители секојдневно одат на работа. Затоа во Програмата „Реално“ ветуваме доградба и проширување на капацитетите на постојните градинки со нови 370 места, како и изградба на две нови детски градинки со капацитет од 300 до 340 дечиња. Втор мој приоритет се новите системи за наводнување. Предвидуваме наводнување на нови над 1.600 халозови насади. Од Тиквешкото Езеро ќе се наводнуваат Брушани, Ресава, Бегниште и Дреново, а од новиот водовод – Крњево, Смилица, Раштани и Белград. Секако, тука спаѓа и решавање на хроничниот проблем со откупот на грозјето, кој настана откако СДСМ го (про)даде АК Тиквеш и заедно со нивните откупувачи, за евтини политички поени го опструира секој откуп на грозјето, особено во годините кога има избори. Тој проблем може да се реши само со отворање на нови винарии. Ќе се залагам тимот за странски инвестиции да доведе странски винарии во Тиквешијата. Мој приоритет ќе биде гасификацијата на Кавадарци. Веќе се гради магистралниот гасовод од Штип преку Неготино до Кавадарци, по што ќе следи развојот на локалната гасоводна мрежа. Гасот ќе ги намали тршоците за греење, ќе придонесе за почист воздух во Кавадарци, а голем бенефит ќе имаат и нашите компании. Да ве потсетам дека Кавадарци е град со развиена индустрија, со најголем извоз и бруто производ по жител во Македонија, вели таа.
На прашањето на КУРИР, како ги коментирате најавите за двојазичност од страна на опозицијата. Дали на Кавадарци му е потребно тоа и дали кавадарчани ќе гласаат за ваква програма, Пемова вели:
- Јас и на нашиот митинг го кажав податокот дека според последниот попис во Општина Кавадарци како Македонци се изјасниле дури 97% од жителите, а како Албанци само двајца. Да се бара двојазичност во Кавадарци е во најмала рака бесмислено, но во суштина многу опасно. Тоа значи укинување на Рамковниот договор кој, да потсетам, е мировен договор со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001 год.Отворањето на нови барања за Албанците, нова промена на Уставот, како што бара Заев, е предавство на македонските национални интереси и води кон нови конфликти, кон поделба на кантони, што ќе биде погубно за Македонија и за македонскиот народ. Зоран Заев го кажа тоа затоа што се здружи со борците за голема Албанија, со мафијата, со странски разузнавачки служби, со соросоидите и со секакви непријатели на Македонија кои му помагаа да ги руши македонските институции, македонската економија и македонските преговарачки позиции за влез во ЕУ. Мора секому да му стане јасно дека тоа што го кажа Зоран Заев не е само обично предизборно ветување. Ако тој стане премиер или формира влада, ќе мора тоа и да го ствари. Веројатно ви е јасно што значи да сте должник на мафијата или на странските разузнувачки служби. За жал во тоа Заев ја инволвира и неговата партија и нивните симпатизери, на кои им е тешко и да зборуваат за тоа.
За изборите вели мислам дека изборот е лесен. Од тоа што го кажав во одговорот на претходното Ваше прашање произлегува дека Зоран Заев не заслужува ни еден македонски глас. Верувам дека кавадарчани ќе одберат програма, проекти, изградба, а не памфлет со општи и лажни ветувања. Верувам дека и во целата наша изборна единица граѓаните ќе го казнат Заев за газењето врз македонските национални интереси за кои се бореле нашите предци. Убедена сум дека масовно ќе го подржат г-нот Никола Груевски, со што ќе одберат подобар живот и напредок на Република Македонија.
На прашањето како гледате на политичкиот ангажман на жена како политичар и пратеник, одговара дека да се биде пратеник не е лесна функција, особено за жена. Но, кога ќе погледне што направиле и што планираат да направат, кога тоа ќе го спореди со она што сакаат да направат политичките противници, добива неверојатна сила до последен атом да се бори за подобар живот на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа