Тргнал по чичко му со нож откако тој му го претепал таткото - семејна драма во Штип

Вчера околу 20 часот на улицата „Вардарска“ во Штип, во дворот од  куќата  на 42-годишниот Ф.Д. настанала расправија  помеѓу  него и неговите браќа, 54-годишниот М.Д. и 57-годишниот Р.Д.

Двајцата насилници физички го нападнале својот брат, удирајќи го со  клоци и тупаници по целото тело, при што му нанеле телесни повреди.

Во  тој  момент наишол И.Д.  син на Ф.Д. и изреволтиран влегол во куќата, земал нож и се упатил кон М.Д. со цел да го нападне, но  бил спречен во намерата од соседите. 

Полицијата работи на расветлување на случајот.

ФОТО: Пулс24

11:42