„Република“: Српската партија ДВЕРИ ја потврди кражбата – СДСМ врши политичка измама со нашата кампања (ВИДЕО)
Срѓан Ного од српската партија Двери кому „Република“ му ги предочи фотографиите од кампањата на СДСМ како и рекламниот материјал од СДСМ за вие избори, со делови од програмата, шокирано ја препозна нивната изборна кампања, знак, рекламни материјали, пораки и делови од програмата кои сами си ги изработиле.
„Република“ преку СМС денеска побара став од генералниот секретар на СДСМ по обвинувањата дека партиската изборна кампања и програма се копија на српска партија. Многу скоро, Спасовски одговори дека „тоа е целосна невистина“.
„Тоа е целосна невистина, програмата на СДСМ е подготвена темелно и е базирана на искуство и аналитичност. Во процесот на создавање учествуваа научници, експерти, економисти, а напишана е во консултација со граѓаните на РМ“- одговори Спасовски преку СМС.
Сепак, овој одговор е половичен и се однесува само на програмата, па „Република“ телефонски од Спасовски побара одговор за обвинувањата и за копирање на кампањата, како за тоа дали користеле српски ПиАр стратези за кои Република пишуваше, а има и потврда од координаторот Сугаревски. Спасовски, сепак, се задржа на пишаниот одговор, односно дека тоа што го напишал е единственото што има да го каже.
Откако пратеникот од Двери ги образложи и бојата за кампањата и кореографијата и пораките со кои настапувале, односно дека тие произлегле и соодветствувале на нивната анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-ЛГБТ програма, македонската јавност останува покуса за одговор од СДСМ на истото прашање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа