Милошоски: „Купи куќа за млади“ ја зголемува старосната граница

Проектот „Купи куќа за млади“ ќе продолжи и во следните четири години, најави носителот на листата кандати за претаници од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

На денешната средба со битолчани, Милошоски појасни дека се зголемува возрасната граница на заинтересирани лица за овој проект, односно лица повозрасни од 35 години.

- Предвидуваме проектот да го користат и лица на возраст над 36 години, а тоа значи дека Владата на Република Македонија за лица кои ќе имаат кредит за изградба на својата куќа, во првите 7 години ќе им исплаќа 65 отсто од ратата, камата и главница и во следните 3 години ќе им исплаќа 35 отсто од таа рата. Доколку на почетокот потребата е поголема тогаш барателот ќе добие 100-процентнта поддршка по однос на уплатата за влогот што треба да го даде при подигањето на соодветниот кредит. Сметаме дека на ваков начин поголем број луѓе, а не само тие до 35 години, туку и тие над 36 години ќе успеат да ја искористат поволноста за изградба на своја куќа, рече Милошоски.

Коалицијата „За подобра Македонија“ вечер во Битола ќе одржи предизборен митинг на кој ќе бидат претставени кандидатите за пратеници од изборната единица бр. 5.

 
 
01.12.2016 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега