Поткупуваат гласач озвучени подобро отколку во холивудско студио
Дали имате нешто да ни кажете за ситуацијата во државата? Имам да ви кажам, катастрофална е ситуацијата, вели една прилепчанка на прашањето на наводни претставници на ВМРО-ДПМНЕ од градот, кои дошле во нејзиниот дом. И, уште вели домаќинката, катастрофална е и владејачката партија.
Значи, имаме жена што наводно ја посетиле претставници на ВМРО-ДПМНЕ, таа им вели дека и нивната партија – владејачката, и државата, се катастрофа, а овие, ете на таа жена, која јасно дала до знаење за кого е определена политички и што мисли, ~ нудат 60 евра, демек да ~ помогнеле. Може да се разбере, ако некој решил да поткупува, да се обиде да влијае на некој што ќе ви каже „па, не знам“, „размислувам“, или „има и добро, има и лошо“, но, да се обидеш да дадеш пари на некој што јасно ти се декларира, и нема некоја логика. Особено што претставници на која било партија, кога ќе ве видат дека сте од другата страна, на вас не трошат ни пропаганден материјал, значи обични ливчиња, не, пак, да ви нудат пари. И тоа го објавува некој прилепски портал, демек открива скандал, а Оливер Спасовски најавува истрага споменувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ како партија која, ете, се обидела да изврши поткуп на гласачи.
Сепак, сето тоа вака погледнато, може да ви изгледа и интересно. Но, потоа ја пуштате аудиоснимката и работите стануваат уште почудни. Прво, луѓето што наводно се од ВМРО-ДПМНЕ не се претставуваат. Домаќинката ги пушта дома, од гласовите нема индикација дека ги познава, а не знае кои се лицата што ~ влегуваат дома. Немаат име и презиме. Чудно? Потоа, од моментот кога тие влегуваат низ вратата на домот, па се движат до собата каде што разговараат (значи минуваат и низ ходник и за сето тоа време разговараат), имате перфектно снимени гласови. Озвучувањето е подобро од која било снимка на театарска претстава што може да се најде во архивата на МТВ. Ја пуштате снимката уште еднаш, двапати, и всушност испаѓа дека и гостите од ВМРО-ДПМНЕ, кои ете сакале да ја поткупат прилепчанката, и самата домаќинка имаат микрофон на својата облека. Оние мали микрофони што ви ги закачуваат на облеката кога влегувате во студио. Инаку, кој е тој што си го има озвучено домот подобро отколку што тоа се прави во холивудско студио?
И таа очигледно наместена снимка, на луѓе кои не се претставуваат, на луѓе кои се перфектно озвучени и на луѓе кои се обидуваат да поткупат жена што е сто отсто на другата страна, што значи, никакви 60 евра нема да завршат работа, служи не само како основа за Оливер Спасовски да отвори истрага, туку и јавно да го осомничи ВМРО- ДПМНЕ за вмешаност во изборен поткуп. Па кој поверува – поверува, кој не – здравје, но Спасовски си ја заврши работата. Иако, очигледно е дека станува збор за монтиран случај, кој не е вреден за вниманието на еден министер, односно не вреди за јавен настап на кој конкретно се обвинува една политичка партија. Барем не додека не се видат фактите. Kолку такви снимки може да се монтираат за СДСМ? Kолку сакате. Ви ѕвони некој на врата, ви влегува озвучен и ви вели: „Ние сме од СДСМ, вие сметате дека СДСМ се катастрофа, дека Заев е катастрофа, ама еве ви 60 евра да ви се најдат. Немаат врска париве со изборите, ама сепак…“ Би ја купиле таа приказна?
Дарко Јаневски за ДНЕВНИК
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа