Со програмата „Реално“ е предвидено рестартирање и на ШИК „Јелак“ од Тетово

Со програмата „РЕАЛНО“ на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено и рестартирање на некогашниот  гигант ШИК „Јелак“ од Тетово, фабрика која беше жртва на транзиционата политика на СДСМ поради кој многу граѓани од Тетово и тетовско останаа без работа и животна егзистенција.

Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека поради многуте такви стопански капацитети кои беа опустошени во времето на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува со сет на мерки кои предвидуваат рестартирање на овие капацитети.

-ВМРО-ДПМНЕ во својата проеграма го предвиде проектот  „Рестартирање на стопанските капацитети жртви на транзицијата“.  Со цел рестартирање на стопанските капацитети кои беа опустошени во транзицијата во 90-те години  во програмата 2017-2020 година се предвидува проект „Рестартирање на стопанските капацитети жртви на транзицијата“.  Со овој проект е опфатена и фабриката ШИК„Јелак“ од Тетово пред која сме и денес. Со оглед дека овој проект  овозможува големи поволности што се даваат на инвеститорите очекуваме нејзино рестартирање и повторно вработување на многу тетовци  во неа, посочи Манојловски.

 
 
29.11.2016 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега