СИТЕЛ: Чилиманов - Ад хок телото за медиуми одлучува по различни стандарди за различни медиуми

 

Прекршочни постапки за ТВ Сител, НОВА ТВ и Алфа, гласи одлуката на ад хок телото во осмиот циклус на набљудување. Исти телевизии исти одлуки, од истите членови, реагираат колегите. Крајната партизираност на ад хок телото дојде до израз на последните две седници, вели Цветин Чилиманов. Тој тврди дека пристрасно одлучуваат неговите колеги кои дојдоа во комисијата на предлог на опозицијата. За исти постапки едни телевизии добиваат казни, а за други нема никаква постапка.
Чилиманов вели дека поделеноста на извеШтаите од периодот во кои се следи пограмата јасно ја покажува поделеноста.
Иако дел од членовите предложиле истиот начин на санкционирање да важи и за останатите телевизии, нивните колеги одлучиле правилата да бидат поделени. Известуѕвањето во корист на опозицијата поминва не казнето, а обидите за потполнување на недостигот од активности на опозицијата од други редовно добива санкција. 
 
 
29.11.2016 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега