Казино во Битола остана без 170.000 денари
Утрово во 5 часот било ограбено казино во Битола.
Се работи за казиното “Сити Клуб“ каде непознат сторител маскиран со маска на главата и вооружен со пиштол и нож, извршил разбојништво над вработен во казиното.
Тој успеал да одземе околу 170.000 денари.
Кражбата е извршена на тој начин што со сериозна закана со огненото оружје над вработениот крадецот ги одзел парите и го напуштил местото на настанот.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.