„Данас“: ЕУ загрижена поради одлуката за укинување на ТВ претплатата во Србија

Одлуката на српските власти за префрлање на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина под државен буџет предизвика загриженост меѓу претставниците на Европската унија за слободата на медиумите, пишува весникот „Данас“.

Весникот пренесува дека постои стравување дека со внесувањето државани пари би можело да дојде и до обид за политичка контрола на уредничката политика на јавниот сервис, што е спротивно на сите ЕУ стандарди.

Сепак, голем проблем претставува тоа што РТС и РТВ во иднина не би можеле да купуваат комерцијални содржини со државни средства, односно за купување програми, како што се фудбалски натпревари или филмови, за кои ќе треба да плаќаат од сопствени приходи.

Според весникот, тоа во пракса значи дека РТС и РТВ ќе треба да ги делат приходите и за секој динар да објаснуваат каде е потрошен. Од ЕУ, според весникот, истакнуваат дека нема идеално решение за РТС и РТВ, но дека е многу важно јавниот сервис да опстане и да имаат долгоречен и стабилен приход на средства.

Нацрт законот за електронските медиуми и јавниот сервис треба да биде објавен денес или утре, според најавите на заменикот министер за култура Драган Коларевиќ. Нацрт законот предвидува укинување на претплатата за јавниот сервис, а РТС и РТВ во период од две години да се финансираат од државниот буцет.

14:23

најчитано сега