Попоски на Facebook им одговори на сите: Курц е пријател на Македонија

 

По серијата реакции на медиумите кои ги плаќа СОРОС а се уредуваат на Бигаќка но и на серија опозиционери, кои очигледно исплашени од моќта која ВМРО-ДПМНЕ вчера ја демонстрираше на митингот во Скопје и силната поддршка која стигна од највлијателните европски политичари, преку говорот на австрискиот Министер за надворешни работи Себастијан Курц, со став се јави министерот за надворешни работи на Македонија и носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Никола Попоски.

Кога Ричард Ховит како левичар одеше на настани на СДСМ и најотворено заземаше страна за сестринска партија и тоа од позиција на известувач во Европскиот парламент, што по дефиниција треба да има неутралност, тогаш тоа не беше проблем. Но, ако случајно некој десничарски политичар дојде на настан на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа било заземање страна... Па барем малку објективност да се задржи. На крајот, мислам дека ни требаат пријатели на Македонија и од лево и од десно, а народот во Македонија е тој што одлучува суверено каков треба да е составот во Собранието по избори. Дајте да се обединиме околу една и единствена причина – европската кауза на Македонија!

 

 
 
28.11.2016 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега