Ѓорчев: Ќе се отворат нови 70.000 работни места
Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе отвори нови 70,000 работни места. Инвестициите кои што ќе дојдат во Македонија ќе ја зголемат вработеноста во државата, истакна носителот на ИЕ 6, Владимир Ѓорче од Гостивар.
Сето тоа, додаде, ќе доведе и до зголемување на платите, односно како што се намалува невработеноста толку повеќе расте цената на трудот и работната сила.
-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 101 милиони евра евтини кредити со фиксна камата од 5,5% и рок на отплата до 8 години како и инвестиции кои што ќе значат раздвижување на локалните економии. За инвестициите за обртни средства ќе има дополнителни 3 години кои што ќе бидат дел од пакетот за помош на стопанството. До сега под вакви услови во Македонија се отворени 7.000 работни места во локалните компании, рече Ѓорчев.
Појасни и дека се завршува еден многу значаен, веќе отпочнат проект за Гостивар.
-Проектот за изградба на 70 станови за социјално ранливи категории, веќе има карабина, објектот се гради и за 1,5 година тие станови во близина на Болницата во Гостивар ќе бидат готови, додаде Ѓорчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа