За прв пат птичјиот грип пренесен од човек на човек во Кина

Здравствените експерти соопштија денеска дека во Кина е регистриран првиот случај на пренесување на новиот вид птичји грип H7N9 од човек на човек.
 
Се работи за 32-годишна жена која се инфицирала со птичји грип, додека го негувала во болница својот 60-годишен болен татко. Двајцата подоцна починале во болницата од последици од птичјиот грип, откако откажала работата на неколку витални органи.
  
Младата Кинескиња е првата жртва на новиот вирус на птичјиот грип која болeста ја добила од заболен човек.
 
До крајот на јуни оваа година во источна Кина се регистрирани 133 случаи на болни од вирусот H7N9. Вкупно 43 лица досега починаа од овој вид на птичји грип.
ФОТО: Дневник
 
 
13:51

најчитано сега