Обвинетите во "Ергенекон" треба да платат казна од 2,3 милиони турски лири

 

Шеесетте обвинети во процесот Ергенекон, покрај затворските казни треба да платат парична казна во висина од 2,3 милиони турски лири, а највисоката казна од 405.000 турски лири треба да плати полковникот од резервниот состав Ариф Доган, кој е осуден на 47 години затвор.

Судот наредил и конфискување на 2,5 милиони евра, кои беа најдени во станот на пратеникот од Републикаската народна партија Синан Ајгјун.  Се претпоставува дека парите биле за финансирање на Ергенекон. Ајгјун е осуден на повеќе од 13 години затвор.

Во процесот „Ергенекон“ против 275 осомничени, меѓу кои и новинари, политичари и офицери, од кои 66 лица се наоѓаат во затвор. Вкупно 19 обвинети, меѓу кои и поранешниот началник на Генералштабот на турската армија Илкер Башбуг и неколкумина пензионирани генерали, беа осудени на доживотен затвор поради обид за преврат. Судскиот процес траеше повеќе од пет години.

13:44

најчитано сега