Еве зошто Путин нема да оди на погребот на Кастро
Претседателот на Русија Владимир Путин нема да присуствува на погребот на починатиот кубански лидер Фидел Кастро, изјави денеска портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.
Путин е многу зафатен со подготовките за редовното годишно обраќање кон нацијата, планирано за 1. декември, рече Песков, пренесува Тасс.
Делегацијата на Русија, според неговите зборови, ќе ја предводи Вјаќеслав Володин, близок соработник на Путин и претставник на руската Дума.
Поранешниот кубански претседател почина во 90. година по повеќегодишно боледување.
Посмртните останки на Кастро ќетири дена ќе ја обиколуваат островската земја пред погребот на 4. декември во Сантијаго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа