Вечерва снег во Скопје

 

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер, а во попладневните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег(надморска висина околу 600 м). Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните делови, а на останатите места снежна покривка ќе биде помала. Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени.

Утре времето ќе биде многу студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Врнежи ќе има и во пониските делови на земјава, каде се очекува да се формира помала снежна покривка, а на планините ќе се зголеми.

 

Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата, но во среда и четврток утрата ќе бидат многу студени со температури од -10 до -4 степени.

 
 
28.11.2016 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега