Турската полиција уапсила 11 членови на ИД во Истанбул
Турската полиција при операција во Истанбул уапси 11 лица, за кои се претпоставува дека се членови на џихадистичката група Исламска држава.
Како што јавија турските медиуми, полициски екипи за борба против тероризмот извршиле претрес во повеќе домови во квартот Фатих.
Полицијата соопшти дека единаесетмината осомничени џихадисти се странски државјани.
При претресот биле одземени документи на џихадистичката група.
28.11.2016 - 11:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа